Taравари се откажа од намерата да биде градоначалник на Гостивар
Алијанса на Албанците, предводена од Арбен Таравари, на претстојните локални избори ќе настапи со четворица кандидати. Лидерот нема да биде кандидат за прв човек на Гостивар.
Таравари ги соопшти имињата за локалните избори: Партискиот генерален секретар Блерант Рамадани ќе биде кандидат за општина Сарај, додека за Теарце ќе трча претседателот на партиското собрание, Назим Таипи. Исен Шабани ќе биде кандидатот на Алијансата за општина Врапчиште. Лидерот Таравари најави претстојни активности за промоција на кандидатите.