53% од граѓаните веруваат во вмешаност на Филипче во јаглен-бизнисот со Вице Заев, 59,3 % дека Заев гради во Дубаи
53,1 % од испитаниците одговориле дека веруваат во информациите дека во овој криминал се вмешани семејството Заеви и Венко Филипче. Ова го покажа анектата на маркет-вижн.
мкд.мк
Анкетирањето беше спроведено од 20 јуни до 4 јули со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници.
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%, посочи ИРЛ.
Фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавеното.
Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, за да можат да се богатат врз грбот на граѓаните креирале мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ.
Грчкиот јаглен горел во Македонија а профитот завршил кај Вице Заев во Бугарија.
Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра.
Додека кланот Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси.
Голем дел од испитаниците, 59,3 отсто, веруваат во тврдењата дека поранешниот премиер Зоран Заев инвестира го изградбата на згради во Дубаи. Ова го покажува анкетата на Маркет-вижн.

Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради од над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза? Ако е така, колку милиони однесе таму и од каде му се парите, праша ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука, го поставуваме и прашањето, дали и Филипче исто така е поврзан со оваа афера, па затоа од неговиот ментор Заев е поставен на чело на СДС за да му го чува грбот?
Сите знаат дека Филипче е верна сенка на Заев и дека тие двајцата се прават заедно, па оттаму е и дилемата дека во аферата со висококатниците во Дубаи можно е и тој да е вклучен.