11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало од патот Дреново-Градско

На 13.07.2025 околу 13.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Дреново-Градско, пред приклучокот за автопатот А1, Градско-Велес, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(27) од Скопје, излетало од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, додека со повреди се здобиле возачот и другиот сопатник М.Р.(18) од Куманово, констатирани во Општата болница во Велес, информира МВР.

Од велешкото обвинителство вчера информираа дека извршен е увид на местото на несреќата во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.

Јавниот обвинител издаде наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.

ZBOR.COM.MK