Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје
Денес (31.07) во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Сопјр кај клучка ,,Север,” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Опел Астра ” со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и Автобус ,,Ман”со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово.
Во незгодата животот го изгубиле возачот и сопатничките И.И.(55) и З.М.(71) од Тетово, додека сопатниот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на опсервација во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место е во тек кој го превзема дежурниот Јавен Обвинител и Увидна екипа од СВР Тетово.