Трагичен крај: Пронајдено телото на 16 годишното девојче во Вардар
По шест дена потрага, денеска околу пладне во водите на Вардар е пронајдено телото на 16 годишната Теодора Б.
Од МВР потврдуваат дека околу 12:10 часот во Вардар во близина на Старо Градско пронајдено е телото на малолетничката.
-Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24.07.2025 исчезна во рекатата Вардар во атар на село во општина Градско. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, потврдуваат од МВР.