Трагедија во Скопје: 45 дена старо бебе донесено без знаци на живот на Детската клиника
На Клиниката за детски болести во Скопје се случи трагедија откако на 29 јули, рано наутро, било донесено едноиполмесечно машко бебе без знаци на живот. Дежурниот лекар веднаш по приемот ја констатирал смртта.
Инцидентот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи – Скопје во 07:30 часот. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, бебето било донесено на клиниката во 06:40 часот од страна на семејството, кое не забележало знаци на живот кај детето.
По налог на јавен обвинител, телото на починатото бебе е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за здравствената состојба на бебето пред настанот, ниту за околностите под кои дошло до трагедијата.
Истражните органи работат на случајот, а резултатите од обдукцијата треба да дадат одговор дали станува збор за природна смрт или има други фактори кои довеле до оваа ненадејна и болна загуба.