Собранието ја изгласа интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски со 71 глас, ниту еден против или воздржан

Со 71 глас за, пратениците во Собранието ја поддржаа интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесена од Левица.

На седницата беше донесен и заклучок со кој се констатира дека наводите во интерпелацијата се основани.

Пратениците на СДСМ ја напуштија салата и не учествуваа во гласањето откако претходно го соопштија нивниот став дека интерпелацијата нема правни последици и дека Обвинителството треба да биде независно.

Обвинителот Коцевски не присуствуваше на седницита, а претходно писмено одговори на наводите од интерпелацијата и посочи дека твдрењата во неа се неиздржани и паушални, а дополнително дека Обвинителот не подложи на интепелација која е политичка категорија.

ZBOR.COM.MK