СКАНДАЛ НА СЕКОЈ КАТ: Центар се бетонира до бесвест – дивоградби со „невидливи мансарди“, СДСМ ќе плати цена на избори

Општина Центар повторно се претвора во урбана џунгла – бетон на секој ќош, градежништво без граници, а последниот хит: катови кои „не постојат“, маскирани мансарди и скриени архитектонски измами.

Во срцето на градот, се гради објект што ја надминува висината на сите околни згради. Последниот кат – изведен како мансарда, но во реалноста уште еден целосен кат – се крие зад формални трикови.

За ова реагира и новинарката Жанета Трајкоска која истовремено е и гласна активистка за чист и просторен град смета дека не остана точка во Центар што не се гради најкрвнички. Затоа, смета таа, кандидатот за уште еден мандат во оваа општина, Горан Герасимовски ќе изгуби на локалните избори.

ZBOR.COM.MK