СДСМ обвинува и шири лажни вести за пожарите во Македонија со слики од Шпанија
Цела Македонија повторно гори. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во пожари изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта, обвинија денеска од СДСМ.
Со соопштението, од партијата на социјалните мрежи објавија и фотографија од пожар со која се добива впечаток дека е од Македонија.
Всушност станува збор за шумски пожар во Шпанија, а фотографијата е дело на шпанскиот фотограф Сеара.
СДСМ доби одговор од владејчката ВМРО-ДПМНЕ од каде истакнаа дека „СДС е партија која наместо да се извини на граѓани што противпожарните единици ги остави без соодветна опрема за справување со пожарите, се радува на секој пожар кој ја зафатил државата.“
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија и дека за седум години власт, СДСМ наместо да набавува опрема и возила за службите, единствено набавувала комотни возила за своите функционери.