Пронајдени автомобилски гуми, картон, суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Спречен е уште еден обид за подметнување пожар, информираше директорот на Дирекцијата за заштита спасување Стојанче Ангелов. Шумочуварите од Национални Шуми на местото Алтн врв под Царев Врв нашле и отстранлиле повеќе од 30 нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми и суви борови стебла и гранки.

Доколку не беше спречен, пожарот бргу би се проширил во блиската шума, вели директорот на ДЗС благодарејќи им на шумочуварите од Национални шуми за брзата реакција и апелирајќи до граѓаните да пријават вакви случаи доколку забележат сомнително однесување.

ZBOR.COM.MK