Оставката на претседателката на Антикорупциска Димитровска утрово доставена во Собранието

Претседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска поднела оставка утрово во Собранието, потврди за Телма нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ. Во оставката се повикува на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција и нема друго образложение.

Оставката следува една недела откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела.

Foto: telma.com.mk

За оддавање службена тајна на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, подоцна обвинет во „Адитив“ и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.

ZBOR.COM.MK