Мицкоски: СЕ ЗГОЛЕМУВААТ СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ, се купува од МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

На новинарско прашање во областа на земјоделието, поради зголемени насади на ориз и пченица дали Владата планира зголемување на резервите, премиеторт Христијан Мицкоски одговори позитивно.

-Донесовме одлука на Владина седница, околку 9 илјади тони да биде купена пченица и околу 2400 ориз и оризова арпа од реколтата 2024 година, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека секој индивидуален производител има право да конкурира со количина од 5 до 30 тони пченица, а кај оризот и оризовата арпа од 3-20 тона.

-Ова за првпат се прави, посебно за оризот и мислам дека во многу нешта ќе ги олесни предизвиците на оризопроизводителите, но и оние кои одгледуваат пченица. Така што ова за првпат како Влада го направивме со измени во законот, стана стратешка култура оризот и на тој начин стоковите резерви ќе имаат ориз, потенцира Мицкоски.

ZBOR.COM.MK