Кисела Вода доби затворен базен

Во Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Општина Кисела Вода денеска свечено беше пуштен во употреба нов затворен базен, изграден како дел од програмата за подобрување на спортската инфраструктура во образовните установи. На настанот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека ваквите проекти се важни не само за учениците, туку и за целата заедница.

„Базенот во општина Кисела Вода е еден од петте базени кои беа почнати од страна на поранешната Агенција за млади и спорт во 2020 година и беа оставени недовршени со реализација од околу 20%. По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од 6 месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото. Остануваме Влада којашто ќе биде насочена кон реализација на проекти, реформи и влада којашто гледа во иднината“, посочи премиерот.

ZBOR.COM.MK