Георг Георгиев со тезите и вокабуларот на Заевци, Бујаровци и Тачевци : „Имаме заедничка историја и ова не треба да биде присвојувано од никого“

„Бугарија е силна земја, фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Македонија засега е само кандидат“, се испофали самобендисано ѓоамити се светска велесила бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој вчера талибански среде ЕП беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“. Инаку, Бугарија е најсиромашната и најзадолжената земја во ЕУ, барем според последниот извештај на еминентниот Евростат, тело на ЕК.

Во нарцисоидниот  разговор за bTV, самобендисаниот шеф на бугарската дипломатија преполн со себе и епитети за Бугарија потсети дека наводно спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство, антимакедонски памфлет кој го потпиша Заев само еден месец по насилното преземање на власта во 2017-та. И тогаш, научната заедница, јавноста и опозицијата беа децидно против овој чин, кој фризиран со Францускиот предлог прифатен од владата на Заевиот гаваз Ковачевски, ги дозацрни и целосно блокира македонските евроинтеграции, а кулминацијата ја видовме вчера со бришењето на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ од извештајот на ЕП.

 

„Имаме заедничка историја и ова не треба да биде присвојувано од никого“, рече министерот за надворешни работи, со вокабуларот на муртинскиот градежник од Дубаи, Заев, чија политика ја продолжува неговиот пулен Филипче.
За жал на Георг и на бугарската јавност која ликува, известителот Вајц ја кажа вистината за Македонија:
-Нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ. Извештајот нагласува дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и ја повикува Македонија да ги спроведе потребните реформи.  За жал, некои бугарски европратеници го киднапираа извештајот за домашни цели“, потенцира Вајц.
ZBOR.COM.MK