ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ ќе имаат заеднички кандидат за градоначалник за Куманово и за Центар

ВМРО-ДПМНЕ и Движењето ЗНАМ преговараат за заеднички кандидати за градоначалници за две општини, за Куманово и за Центар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Преговараме и разговараме за да имаме заеднички кандидати. Разговорите се водат во конструктивна насока, но повеќе информации ќе имаме после 15 август – рече Мицкоски.

Што се однесува до соработката со коалицијата Вреди на претстојните локални избори, Мицкоски рече дека имаат принципиелен договор дека ќе се поддржуваат во оние општини каде што едната коалиција ќе има кандидат, а другата не.

– Ќе имаме општини каде и двете партии ќе имаме свои кандидати, нормално таму секој ќе го поддржи својот кандидат – рече Мицкоски.

ZBOR.COM.MK