ВИДЕО: Тага до небото: Гондомар се простува од Жота и Андре Силва

Голем број фудбалски имиња, тренери и блиски роднини денеска пристигнаа во португалскиот град Гондомар за да им оддадат последна почит на трагично загинатите Диого Жота и Андре Силва.

Со цвеќиња во раце и тага на лицата, меѓу присутните беа и ѕвездите на Ливерпул – Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон, како и новиот стратег на клубот, Арне Слот.

Покрај нив, свое присуство имаа и претседателот на Португалија, претставници од Фудбалската федерација, како и бројни спортски работници и јавни личности кои не можеа да останат рамнодушни на оваа трагедија.

Диого Жота и неговиот брат животот го загубија во сообраќајна несреќа во Шпанија, додека патувале кон пристаниште со цел да се качат на брод за Англија. Судбината, за жал, ги спречи да стигнат на својата дестинација.

ZBOR.COM.MK