(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација
Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихи Океан.
Неколку лица се повредени во тој оддалечен руски регион. „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, објави гувернерот на Камчатка на Телеграм.
Регионалниот министер за вонредни состојби Сергеј Лебедев објави дека по земјотресот е регистрирано цунами од 3 до 4 метри. „Сите мора да се оддалечат од брегот“, рече Лебедев во видео на социјалните мрежи.
Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.
Tsunami waves are hitting the Russian coast of Kamchatka, seen here flooding the port of Severo-Kurilsk. pic.twitter.com/5HjHCI5eoz
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 30, 2025
Цунами брановите стигнаа и до државата Хаваи. Потребни се итни мерки за заштита на животите и имотот, соопшти Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.
Полициски хеликоптери летаат по крајбрежните области на Лос Анџелес, предупредувајќи ги преку звучници патниците на чамци и посетителите на плажата дека е во сила предупредување за цунами.
Цунами има и кај Токио, наредена е евакуација на 2 милиони луѓе.
Кинескиот центар за предупредување од цунами соопшти дека се очекува бранови со висина помеѓу 30 см и 1 метар да погодат делови од источниот брег.
„Врз основа на најновите резултати од предупредувањето и анализата, Центарот за советување за цунами при Министерството за национални ресурси утврди дека земјотресот предизвикал цунами, за кое се очекува да предизвика штета во одредени крајбрежни области на Кина“, се вели во соопштението.
И Перу издаде предупредување за цунами, а Еквадор ги евакуира плажите и пристаништата.
Сеизмолозите велат дека ова е најголемиот земјотрес некогаш забележан.