ВИДЕО: Први снимки од урнатиот авион во Русија – Нема преживеани, меѓу патниците имало и деца

Патнички авион со 43 патници, меѓу кои и пет деца, и шест членови на екипажот се урна на истокот од Русија. Агенцијата ТАСС, повикувајќи се на прелиминарни податоци од Службата за итни ситуации, објави дека нема преживеани.

Хеликоптерот за спасување ги забележал запалените остатоци од авионот во густата шума, но тоа е област каде што не може да слета. Спасувачите се движат кон местото на несреќата пеш.

-Засега, хеликоптерот со спасувачи не може да слета во областа на несреќата, тоа е тешко пристапна област, планински пад. На местото има и активен пожар, рече соговорникот на агенцијата.

Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека за време на потрагата по исчезнатиот авион Ан-24 во Амурската област е пронајден запален труп.

Авионот на компанијата Ангара летал на линијата Хабаровск – Благовешченск – Тинда, која се наоѓа на границата со Кина. Авионот се урна 15 километри пред целта. RT објави дека пилотите не испратиле повик за помош.

 

ZBOR.COM.MK