Ангелов: Ставен под контрола пожарот кај Блаце (ВИДЕО)
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, рано утрово извести дека пожарот што вчера вечерта изби крај патот, Скопје-Блаце, успешно е ставен под контрола.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени повеќе екипи, од кои два полициски и еден армиски хеликоптер, и исто така за прв пат беа ставени во употреба новите возила на ДЗС, еден Пинзгауер и еден Хермелин. Пожарот зафатил поголема површина, но со помошта на хеликоптерите е локализиран и ставен под контрола.