Тројца повредени во пресметка со ножеви во Чаир, меѓу нив и 14- годишник
Повредени три лица меѓу кои и малолетник вечерва по физичка пресметка во Чаир. Расправијата се случила нешто пред 20 часот, а употребени се и ножеви.
Според МВР десетина минути пред 20 часот било пријавено дека на крстосница меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, „по претходно недоразбирање“, физички се пресметале 14-годишник и С.Р.(64) и Б.С.(18), сите од Скопје. Во пресметката тие употребиле ножеви и сите тројца се повредени
Повредените биле пренесени на укажување медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во моментот се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително и утврдување на причините и деталите за инцидентот.