Струмичка поезија: Во време на тишина со замислен поглед Костадинов зборувал

Излезете – ако имате што да кажете“,  се вели во Фејсбук статусот наTV Kanal VIS – Strumica

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме целито Фејсбук статус

Костадинов на мегдан ги повика сите од ВМРО-ДПМНЕ: пратеници, кандидати, комитети

Во време на тишина, тој зборува гласно. Во време на политичко калкулирање – тој повикува на отворена дебата.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, упати директен предизвик до ВМРО-ДПМНЕ – и тоа не до еден човек, туку до цела структура:

📢 „Соберете се – сите потенцијални кандидати за градоначалници, сите пратеници од Струмица, членови на Централниот и Општинскиот комитет. Излезете на јавна дебата, во живо.

Без однапред прашања. Без шминка.“

🔴 А од другата страна?

Само еден човек. Без советници. Без белешки. Без сценарио.

Само Костадинов.

📌 Иницијативата доаѓа по реакциите на ВМРО-ДПМНЕ за неговата работа, комуникација и тим.

Но наместо оправдување – следува повик на мегдан.

👉 „Ќе одговарам, ама и ќе прашувам. Таму нема да ви помогнат ниту статуси, ниту брифови. Таму сте само вие – и вашата (не)подготвеност“, порача Костадинов.

📊 Истовремено, анкетите покажуваат недвосмислена поддршка – пет спрема еден во корист на Костадинов.

📈 И наместо да ја слави победата однапред, тој бара соочување. Лидерски. Отворено. Достоинствено.

🗣️ „Таму нема AI. Таму нема сценарија. Таму ќе видиме кој знае, кој може – и кој само глуми политика.“

⚖️ Дебатата, ако ја прифатат, ќе биде момент на вистината.

А ако ја одбијат?

Граѓаните ќе знаат сè.

 

 

Инаку, поезијата е познат дел од CV-то на неговиот ментор Заев, кој ќе го паметиме по „жицата“, Костадинов саде ја продолжува неговата традиција, затоа што Зоран е во Дубаи. Познат поет беше и Васко Ковачевски со хвалоспевите за Муртинхаузен, кој сега е во бегство за криминалот во ЕСМ. Ова не звучи добро, воопшто, секој кој се занимавал со поезија во СДСМ, по правило бега од државата.

Секоја паралела и  сличност со ликови од реалноста е намерна…

ZBOR.COM.MK