Сиљановска-Давкова ја предводи македонската делегација на Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља
Претседателката вчеравечер присуствуваше на официјалниот прием за шефовите на делегациите што го приредија шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција во кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја предводи македонската делегација која денеска учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља што се одржува под покровителство на Обединетите нации. Во друштво на претседателката се и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска.
Предвидено е Сиљановска-Давкова да се обрати на пленарната сесија на конференцијата.