Мицкоски: Mакедонски граѓани ќе се евакуираат од Израел со владиниот авион
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел.
„Секодјевно сум во комуникација со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и се прави план за евакуација на заробени македонски граѓани. Ќе биде ангажиран и владиниот авион да бидат пренесени во некоја од соседните земји, најверојатно во Египет. Во моментов се девет граѓани, и очекувам до утре да заврши евакуацијата“, рече Мицкоски.