Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство
Посетата е организирана по повод завршувањето на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти на Клиниката, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти
Денеска во посета на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје беа премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерот за здравство Азир Алиу.
-Издазувам благодарност бидејќи се грижат за овој објект, бидејќи во овој објект се грижат за здравјете на најмладите, изјави Мицкоски.
На новинарско прашање што ќе донесе британскиот договор за македонското здравство, премиерот посочи дека тоа е првата фаза на инвестиција поголема од 200 милиони евра. Но за тоа колку ќе биде треба процесот да отпочне исто како што отпочна за пругата. Министерството за здравство треба да побара од министерството за финансии да направи условно кажано тендер со коишто финанскиски институции, банки ќе изразат подготвеност ќе да го финансираат тој проект и нормално најдобрите услови ќе ги прифатиме, ќе ги одбереме, додаде премиерот Мицкоски.
-Восуштина опфаќа довршување на Клиничката болница во Штип, изградба на медицински факултет заедно со нов студентски дом од 200 легла, изградба на болницата во Кичево со здравствен дом и целосна реконструкција на клиничката болница во Тетово, Тоа е она коешто е во прва фаза, да видиме, да почнеме. Имаме рамка, имаме средства слободни за да влеземе и во втора фаза, а тоа е оној долго ветуван голем Клинички центар во Скопје“, потенцира Мицкоски.
Посетата е организирана по повод завршувањето на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти на Клиниката, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти.