Израел изврши нови напади врз Иран: Над 50 борбени авиони уништија нуклеарни цели во Техеран (ФОТО)

Приближно 50 борбени авиони нападнаа инфраструктура и цели на иранскиот нуклеарен проект во Техеран, соопштија од ИДФ.

Во текот на ноќта, борбени авиони на израелската воена авијација летаа над Техеран и нападнаа инфраструктура и цели на иранскиот нуклеарен проект, под водство на Дирекцијата за разузнавање. Нападот беше насочен кон повеќе од 80 цели, вклучувајќи го седиштето на иранското Министерство за одбрана, седиштето на нуклеарниот проект (SPND) и дополнителни цели каде што иранскиот режим ја криеше нуклеарната архива. Како дел од операцијата „Рајзинг лав“, ИДФ нанесе удар врз над 170 цели и повеќе од 720 компоненти на воена инфраструктура за помалку од три дена. Продолжуваме да го интензивираме ударот врз иранската нуклеарна закана, насочувајќи го нејзиното срце и лишувајќи ја од критични капацитети и компоненти за производство на оружје, истакнуваат од израелската армија.

ZBOR.COM.MK