Земјотрес од 2,4 степени ноќеска почувствуван во Охрид и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, веднаш по полноќ, во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.
Земјотресот бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.