„Гладна кокошка просо сонува“: Филипче измисли анкета и имагинарен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ
Јавноста нетрпеливо очекува кој, кога, за кого, во кој период и со колку испитаници ја „направил“ оваа фамозна „анкета“ на Филипче, иако сите (дури и во СДСМ) знаат дека дотичната не постои и е создадена во главата на првиот човек на опозициската партија. Последната вистинска анкета на „Маркет вижн“, не како овие имагинарните на Филипче, покажа дека 52 насто од македонските граѓани, ако утре има избори, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, А МИНОРНИ 9 НАСТО за СДСМ. Непреболот на Венко е и разликата од недостижни 7,5 пати на неговиот микро-рејтинг во однос на довербата во Христијан Мицкоски. Филипче е четврт, по Ахмети и Таравари.
Вторпат во низа и откако е претседател, Венко Филипче и СДСМ си измислија анкета. И повторно, без извор, која ја направил, кој ја нарачал, врз колку испитаници и во кој период е направена, нешто што е обрска на секој медиум да го пренесе, без кое следуваат солени казни од ААВМУ и други државни органи. Арно ама, тоа одамна не важи за СДСМ и Филипче, кои научени да ги штелуваат анкетите на Рејтинг, сфатија дека и тоа е непотребно и бламажа, па почнаа да си тресат од ракав бројки кои на сон си ги посакуваат и да шират лажни вести. Првата имагинарна анкета ја лиферуваа на 7 ноември 2024-та „ Реална анкета од ИПСОС, наспроти фиктивна анкета лиферувана од Филипче – КУРИР со прашања, СДСМ со молк“.
Така, веројатно под огромен притисок и соочен со предистражна постапка за подарениот џип од 130.000 евра кој во меѓу време е продаден (можеби за да обезбеди 550.000 евра за златната виза за Дубаи или за да скрие дека го имал?), со можно реотворање на одговорноста за мега-морбидните афери за Модуларната Болница и Онкологија, сето тоа зачинето со кинеските ултра скапи вакцини, Филипче во Гевгелија, во рамки на предвремениот старт на кампањата за локални избори каде ги чека нов дебакл, си измисли – ни повеќе ни помалку, туку пад од неверојатни 100.000 гласови од контото на ВМРО-ДПМНЕ. И промуќурно, веќе по навика тресејќи од ракавот, срочи:
-Последните две анкети кои што се направени и завршени пред неколку денови покажуваат пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ од 100.000 гласа споредено со ланските избори, „мртов-ладен како шприцер“ истресе Филипче на работен состанок со општинската организација на СДСМ од Гевгелија.
Опциите се две и многу веројатни. Ова е Фројдов комплеск на Венко, кој прави пеокција на своите стравови затоа што по една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и јавно прикажаната разлика во владеењето на секој можен план, веројатноста е дека СДСМ со него на чело има изгубено околу 100.000 гласа. Втората опција е идентична, ВМРО-ДПМНЕ да има добиено плус 100.000 гласа, знаеме од чие конто. Врти-сучи, секоја „математика“ сведува на исто, невесалеа за СДС. Сето друго е соддржано во народни фрази и поговорки. Првата е „празно тепање слама“ или поверојатно, втората поговорка – „гладна кокошка просо сонува“.
Јавноста нетрпеливо очекува кој, кога, за кого, во кој период и со колку испитаници е направена оваа фамозна „анкета“ на Филипче, иако сите (дури и во СДСМ) знаат дека дотичната не постои и е создадена во главата на првиот човек на опозициската партија.
Последната вистинска анкета на „Маркет вижн“, не како овие имагинарните на Филипче, покажа дека 52 насто од македонските граѓани, ако утре има избори, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, А МИНОРНИ 9 НАСТО за СДСМ. Непреболот на Венко е и разликата од недостижни 7,5 пати на неговиот микро-рејтинг во однос на довербата во Христијан Мицкоски. Филипче е четврт, по Ахмети и Таравари.
По два месеци од оваа анкета, по сите џипови, златни визи и инфантилни напади на Стратешкиот мега-договор со Британија, разликата е уште многу поголема, во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
Ја очекуваме следната, вистинска анкета. Највистинската ќе биде на локалани избори…