(ВИДЕО) Мицкоски: Седум години гласот на народот беше пригушен, сега доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените
Македонија е реалност што ја градиме. Сега. Со тебе. Со нас. За сите. Доаѓа Времето на Македонија. Ги градиме темелите на промените, потенцира Мицкоски во објавата.
-Колку долго може човек да чека? Седум години во кои тишината стануваше правило, а неправдата навика, во кои вистината беше затворена, а гласот на народот пригушен, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
„И не оставија со единствен избор: или да се откажеме, или да почнеме одново. Не почнавме од нула. Почнавме од минус.
Од темелите што не беа темели, туку пепел и прав. И пак, решивме: ќе почнеме.
Ќе градиме. Ќе веруваме. Ќе се исправиме.. Ги поставивме темелите. Темелите на една поинаква Македонија. Не Македонија од памфлети, туку Македонија на срце.
Година на враќање – на достоинството, на правдата, на грижата. Година што ќе ја паметиме – како првата, кога почна новото време.
Македонија не е мит. Македонија не е ветување. Македонија е реалност што ја градиме. Сега. Со тебе. Со нас. За сите. Доаѓа Времето на Македонија. Ги градиме темелите на промените, потенцира Мицкоски во објавата.