Афера-Провизии кои чинат животи: Филипче лично го правел тендерот за модуларната, дал листа со напишана спецификација
-Венко Филипче лично ја направил спецификацијата за изградба на модуларната болница во Тетово, која поради лошите материјали кои биле вградени, а планирани од Филипче, изгоре како кутивче кибрит, а со себе однесе и 14 животи. Лично Венко Филипче дал готова спецификација во одделот на Министерството за здравство задолжено за спроведување на набавката, велат нашите извори, изјави Валентин Манасиевски на денешниот прес.
-Одговорното лице од Министерството за здравство кое се потпишало на спецификацијата дадена од Филипче лично, во исказ пред ОЈО изјавува, цитирам: „Сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика.“, додаде Манасиевскиѝ
– Ова е исказ на лицето кое Венко Филипче го има назначено за главен и одговорен архитект на сите модуларни, одговорно лице за техничката спецификација и претседател на Комисијата за јавни набавки за 13-те модуларни болници. Очигледно на Филипче не му требал архитект, туку потписник на неговите матни тендери. Венко Филипче е човекот кој е единствено и највисоко одговорен за смртта на 14 живи изгорени луѓе во тетовската модуларна болница, дециден e Манасиевски
Аферата „провизии кои чинат животи“ тотално го демаскира Филипче. Манасиевски најави нови докази утре на прес-конференција во 12 часот