Kaлас: Нема план „Б“ за Македонија, сѐ уште верувам во планот „А“ – Мицкоски: Претходната влада е најголем виновник зошто сега се наоѓаме во ваква ситуација

Високата претставничка за надворешна политика „Каја Калас“ денеска од Скопје рече дека нема план „Б“ за Македонија како што има за Украина и доколку има некој друг план тоа значи дека ЕУ се откажала од планот „А“.

Ние се фокусираме на план „А“ и се обидуваме планот „А“ да профункционира, затоа што кога се префрлате кон план „Б“ тогаш план „А“’ излегува од игра.Можеби ви звучам како да зборувам шифрирано но се уште се надедаме дека планот „А“ ќе профункционира и работиме на тоа..Доколку не, тогаш ќе поминеме кон следната фаза, објасни Високата претставничка на ЕУ.

Претходната влада е најголем виновник зошто сега се наоѓаме во ваква ситуација, беше директен премиерот Мицкоски на средбата со Високата претставничка на ЕУ Каја Калас.

Ако го посочиме главниот виновник тогаш е јасно,тогашниот премиер, министерот за евроинтеграции и министерот за надворешни работи. Тие се тие што денеска ја доведоа состојбата ваква каква што е. Инаку да, подготвени сме да разговараме на ниво на билатерални разговори, на партнерски односи во НАТО Алијансата.Било кој што сака да помогне подготвени сме да разговараме и да прифатиме медијација.Ние сакаме решение но решение кое ќе биде достоинствено и долготрајно.Се изморивме од континуирани блокади кои се однесуваат на билатерални прашања.Дајте решение кое ќе биде единствено, континуирано.Оставете ние дома да си ја завршиме домашната работа па после нека судат, објасни премиерот.

ZBOR.COM.MK