СДС и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра
Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица штитат криминалци, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Судиите избрани во Мала Речица ги штитат бизнис интересите на Али Ахмети и Заев.
Доказ за тоа е и Асмир Јахоски, кој излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети.
Газдата на Пуцко Петрол излезе од притвор, а за Апелација гаранција се 2 милиони евра.
Јахоски е син на пратеник од ДУИ, со уште 13 лица е осомничен за злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој го загадувале воздухот.
Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити, како Јахоски, поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут поради екстра профит и направиле огромен криминал.
Корумпираните судии и обвинители работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно.
Спрегата помеѓу правосудството, СДС и ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат.
Времето на криминалци во политиката заврши, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.