Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, којашто под нејзино покровителство ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Обраќања на свечената академија, како што соопшти Kабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, ќе имаат и претседателот на МАНУ Живко Попов, министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и претседателката на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска.

Најавено е присуство на македонисти, професори, академици, пратеници, министри, претставници на верските заедници и претставници на дипломатскиот кор.

На свеченоста ќе настапи камерниот женски хор „Св. Злата Мегленска“ и ќе биде поставена изложбата „Азбука“ на македонскиот академски сликар Сергеј Андреевски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK