Невреме го зафати Дојран – град, силен ветер и пороен дожд

Дојран денес беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Во моментов нова нестабилна маса се движи од Гевгелија кон Дојран и се очекува повторно да го зафати невреме со истите појави. Нестабилност со слаб интензитет има и во кумановско, како и во мариовско“, информираа од УХМР.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK