Мицкоски го исполни ветувањето: 16.057 лица со директна поддршка за старт-ап бизниси за млади
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата и соопшти дека согласно оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од нив 12.537 во активни мереки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување.
Во однос на Оперативниот план за вработување, тој истакна:
-Еден од главните приоритети на Вчадата во овој мандат е зголемување на благосостојбата на граѓаните. Намалувањето на невработеноста и креирање на мерки кои ќе бидат насочени кон балансиран и ефективен пазар на труд. Заедно се бориме за заедничка иднина и подобар живот на граѓаните, изјави Мицкоски.
-Да не се заборани дека се затекна хаос, работници кои не добиваат редовно плата, состојба на млади кои гледаат безперспективност, индустриско производство кое бележи минусни салда и огромна инфлација. Со ова се боревме секој ден речиси една година работа на оваа Влада. Затоа на последаната седница срочивме оперативен план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка во работата вреден 40 милиони евра кои ќе опфатат на 16 илјади наши сограѓани, изјави Мицкоски.
-Во оперативниот план за активните програми и мерки за вработивање и услуги за пазарот на трудот за 2025 година се утврдуваат:
-Програмите мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат креирање на нови работни места и зголемување на вработеноста, на невработените лица посебно на младите, долгорочно невработените и корисницита на минимална помош.
Согласно оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16 057 невработени лица. Од кои 12 537 во активни мереки за вработување, а 3 520 лица во услуги за вработување.
Со овој план се опфаќаат две главни точки: Првата е дирекна поддршка за старт ап бизниси на млади кое беше мое ветување за младите. Втората работа е организиран пристап во сузбивањето на појавата на пожари, особено присутен проблем во летниот период за што ќе се вработат 400 пожарникари кои ќе се стават на располагање на општините, како и дополнително вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктурата и заштита на животната средина на локално ниво, потенцира Мицкоски.