Мицкоски: Ако е мудар Ахмети ќе сфати зошто е во опозиција

За жал господинот Ахмети се уште живее во минатото, затоа што ако живее во сегашноста ќе може да направи огромна материјална разлика помеѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во која тој е во опозиција, а околу него има многу милионери кои што се збогатиле врз грбот на граѓаните во Македонија, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Доколку Ахмети е мудар како што се претставува ќе извлече поука и наместо да се заканува ќе направи структурни реформи и програмси и кадровски во неговата партија и со нови ликови со нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата. Има локални избори за неколку месеци од денеска, за помалку од пет месеци ќе имаме кампања граѓаните ќе кажат која политичка партија ја заслужува довербата, па врз база на тие резултати може да носиме заклучоци дали ќе има предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK