Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра скапува по подруми оти немаме стручен кадар и простор за неа

Современа медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, не се користи доволно во јавното здравство поради необезбедени кадровски и просторни услови, објави Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Иако ЈЗУ се обврзани континуирано да ја одржуваат медицинската опрема во исправна состојба и навремено да ги евидентираат дефектите во системот Мој Термин, ревизијата утврдила дека постои недоволна ажурност и различна практика во спроведувањето на овие обврски, констатирал Државниот завод за ревизија.

Набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ), било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите.

Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација. Поради ограничени буџетски средства, не е набавена дополнителната опрема потребна за користење на сите нејзини функционалности. За дел од набавените апарати е обезбедена основна обука од производителот, но е потребна и дополнителна специјализирана обука за одредени здравствени работници за да можат целосно да ја користат опремата. Вкупната вредност на медицинската опрема предмет на ревизија во опфатените ЈЗУ изнесува 57,7 милиони евра, од кои поголемиот дел или 68% се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети.

Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK