Мајката се породила дома, мртвото новороденче го донеле на Детска клиника
Од Детската клиника про Комплексот „Мајка Терезе“, вечера било пријавено во полиција дека кај нив е донесено починато новороденче. Според информациите од МВР, 25-годишна жена се породила дома по што таа и бебето биле донесени на Клиниката. Лекар констатирал смрт.
– На 04.05.2025 во 07.15 часот во СВР Скопје, од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Tереза“ во Скопје било пријавено дека околу 06.20 часот кај нив било донесено мртво новороденче. Лекар констатирал смрт, а, според пријавеното, 25-годишната мајка од Скопје во раните утрински часови се породила во својот дом во Скопје, по што таа и бебето биле пренесена на клиниката, извести МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а телото на бебето било дадено на обдукција.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.