Две лица загинаа, а најмалку 24 се повредени во сообраќајна несреќа во Хрватска откако се преврте автобус на автопат
Две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во страшна сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот А3 помеѓу клучките Поповача и Криж
Две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во страшна сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот А3 помеѓу клучките Поповача и Криж.
Полицијата соопшти дека несреќата во која бил вклучен автобус со босански национални ознаки се случила помеѓу 82-ри и 83-ти километар од јужната и северната страна на автопатот и дека сообраќајот е прекинат и се пренасочува по државни, окружни и локални патишта.
– Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 03:10 часот. Според првичните информации, две лица се починати, додека неколку други се повредени и префрлени во блиските болници – изјави за HRT Маја Филиповиќ , службеник за односи со јавноста во полициската управа Сисак-Мославина.
Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности на трагедијата, на која се наоѓаат сите служби за итни случаи.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.