Голем успех на Министерството за култура и туризам и за македонската архитектура: Македонскиот павилјон на Венециското биенале вброен меѓу 10 највпечатливи

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони.

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune!

На Арсенале, Македонија се претстави со проектот Strada Brutalissima под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ. Проектот отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано општество.

Овој павилјон не е само приказна за бетон и форми – тој е патување низ времето, меморијата и колективната надеж. Горди сме на нашите автори и сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект кој достојно ја претставува Македонија на светската културна мапа, велат од Министерството за култура.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK