Американецот Роберт Превост е новиот папа

Бел чад се појави од оџакот над Систинската капела, со што е објавено на јавноста дека кардиналите избрале нов лидер на 1,4 милијарди католици низ светот.

Со постигнато двотретинско мнозинство, 133-те кардинални собрани во Систинската капела во Ватикан го избраа новиот папа, кој е наследник на папата Франциск.

Бел чад се појави од оџакот над Систинската капела, со што е објавено на јавноста дека кардиналите избрале нов лидер на 1,4 милијарди католици низ светот.

Роберт Превост (69) од САД, новиот папа кој го избра името Лав 14, се очекува да се појави на балконот на базиликата „Свети Петар“.

Според традицијата, Доминик Мамберти, високиот кардинал ѓакон се појави на балконот на „Свети Петар“ и го објави историскиот момент со зборовите „Habemus Papam“ – „Имаме папа“.

Пред појавувањето на балконот, во изолираните сали на Ватикан, новоизбраниот папа се подготви избирајќи го своето папско име, кое често укажува на насоката на неговото идно раководење.

Тој е облечен во новоизработена бела папска облека и го стави церемонијалниот рибарски прстен, пред да биде спроведен низ Салата на благословите до балконот познат како Лоџа на благословите.

Верниците од новиот папа го добија првиот благослов познат како „Urbi et Orbi“ – „За градот и светот“.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK