Јакимовски: Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме

„Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1000% на наша страна. А мислев денеска ќе се почастиме со колегите. Тоа е едно здружение направено, за да нѐ тргнат ние што се разбираме, што имаме резултати, а пред локалните избори. И општина и држава да ни водат овие со купени дипломи, а оваа Влада не се срами“, рече Јакимовски, обвинувајќи дека бил вршен притисок и за да се изнудат изјави против него.

Јакимовски вели дека едни му поднеле пријава, а други му донеле пресуда, додека тој се бори за државата и почитување на законите. Потоа, рече дека очекувал ослободителна пресуда.

„Сто отсто аргументите се на твоја страна, не знам што се докажуваме шест и пол години. Навистина ме измачија, не знам што одиме по судови, на Божја правдина имаме пресуда од 3,6 години“, рече Јакимовски

Тој денеска доби 3 ипол години казна затвор во процес кој траеше над 6 години. Пресудата не е правосилна и Јакимовски рече дека ќе се жали на ваква казна од политички причини а дека тој нема никаква вина.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK