ФОТО: Телото на папата Франциск пренесено во базиликата „Свети Петар“, верниците во следните три дена можат да се простат од него

Осумдесет и осумгодишниот Франциск, чие родено име е Хорхе Марио Берголио, почина на 21 април

Телото на починатиот папа Франциск е пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан од папската резиденција „Света Марта“.

Базиликата ќе остане отворена до полноќ во деновите на поклонението, на кое се претпоставува дека ќе дојдат десетици илјади луѓе. Верниците во следните три дена ќе можат да се простат од починатиот поглавар на Католичката црква.

Screenshot

Погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота во 10 часот по локално време, а се очекува да присуствуваат голем број светски лидери. За погребот на папата Франциск се очекува на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, а во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации.

Screenshot

Досега само кардиналите, членовите на Курија и слугите на Ватикан имаа можност да се простат од починатиот понтиф во капелата на резиденцијата „Света Марта“, каде што живееше папата.

Screenshot

Осумдесет и осумгодишниот Франциск, чие родено име е Хорхе Марио Берголио, почина на 21 април.

За разлика од повеќето понтифици, посмртните останки на Франциск нема да бидат положени во криптата на базиликата „Свети Петар“ – најважната црква во римокатолицизмот, бидејќи тој самиот посакал да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Screenshot
Screenshot
Screenshot

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK