Тројца од повредените во кочанската трагедија и натаму се во критична состојба
Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од вкупно 193 повредени, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување.
Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека е подобрена состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба.
-Имаме добри вести. Вкупно ни остануваат од 193 пациенти само 100 пациенти кои се лекуваат од кои, за среќа, денеска имаме само тројца критични. Во Македонија се лекуваат 20 пациенти. На Клинички центар петмина, во Стара градска седуммина, петмина во ГОБ „8 Септември“ и тројца во приватните болници. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денеска се враќаат уште двајца пациенти. Имаме најава за враќање на повеќемина пациенти до крајот на неделата, рече министерот Таравари и нагласи дека катастрофалниот настан во Кочани ги погодил сите, не само како институции, туку и како луѓе.
Идната недела ќе се договара во која здравствена установа ќе се сместат потешките случаи, по нивното враќање од лекувањето во странство.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.