Судот го одобри обвинението: Се чека термин за судење на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова

Кривичниот суд соопшти дека е одобрено обвинението против Васил Јованов кој на 29 јануари ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“.

Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К., информираат од Кривичниот суд.

Со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот.

Од Судот додаваат дека кога ќе биде насрочен термин за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK