Сарамаков, обезбедувачот на Мицкоски, доби триесетдневен притвор во Шутка

Сарамаков беше уапсен на паркинг пред хотел во Велес. При претрес на неговото возило бил пронајден ранец со службени материјали од МВР. Дополнителните претреси на повеќе локации резултирале со заплена на електронски уреди, службени документи и други предмети значајни за истрагата.

Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски доби 30 дена притвор.

Директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски потврди дека лицето е донесено за издржување на одредениот притвор од страна на судот.

Сарамаков беше уапсен на паркинг пред хотел во Велес. При претрес на неговото возило бил пронајден ранец со службени материјали од МВР. Дополнителните претреси на повеќе локации резултирале со заплена на електронски уреди, службени документи и други предмети значајни за истрагата.

Од Министерството за внатрешни работи претходно информираа дека на Сарамаков ќе му биде поднесена кривична пријава за делото „оддавање службена тајна“.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK