Престрелка во Чаир – Се пукале две поголеми групи на Бит пазар, еден е повреден, зад нив остана хаос

Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Двајца пукаа еден кон друг! Полно деца имаше долу, си играа“, изјавиле жители на маалото за ТВ21.

„Двајца меѓу себе пукаа“, рече друг жител.

„Од друго место дојдоа, и пукаа пред куќите“, додаде трет жител за ТВ21.

На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила, појаснија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK