Половина од граѓаните незнаат кој е лидер на опозицијата
Речиси половина од испитаниците од последното истражување на МКД.мк, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажува дека македонските граѓани не знаат кој политичар да го посочат како лидер на опозицијата.
Перцепцијата на граѓаните е дека лидери на опозицијата во Македонија се Венко Филипче (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Димитар Апасиев (Левица).
Истраживањето на МКД.мк, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.
Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.