Полицијата трага по две исчезнати малолетнички

Полицијата трага по две малолетнички кои се оддалечиле од своите домови во селата Кадино, во Скопје и Струмица. Случаите се пријавени во текот на изминатото деноноќие, а се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, денеска во 01:22 часот, во полициското одделение Петровец, И.Г. (42) од село Кадино, Скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата 15-годишна ќерка Р.Г.

Претходно, на 12.04.2025 година во 15:20 часот, во СВР Струмица, М.В. (70) пријавил дека од домот се оддалечила неговата 10-годишна внука Ј.А.

Надлежните служби преземаат мерки за лоцирање и пронаоѓање на двете малолетнички.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK