Мицкоски со нов скандал за Левица: Подрумот не ќе да е подрум, туку приземје во кое функционира и локал на име на нивниот член на претседателството
На седницата на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на прашање посветено на имотот на политичката партија Левица и свесното изигрување на законот.
Јас би сакал на денешната седница да одиме чекор понатаму да ја информираме јавноста за т.н. подрум, кој не ќе да е само подрум, туку има и приземје – рече премиерот надополнувајќи ја информацијата за имотот на партијата Левица која ја обзнани на претходната седница за пратенички прашања.
Тој на говорницата покажа и фотографии од објектот и посочи дека во истиот тој локал е регистрирано и друштво за угостителство и услуги.
На ова место, кое не ќе да е подрум, над земја три-четири метри е регистриран локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Регистриран е на истата адреса каде што се наоѓа подрумот или сутеренот. Дури и си направиле профили по социјалните медиуми, прилично слични на профилот на една политичка партија. Кога малку ќе истражите и ќе ја извадите тековната состојба, покрај тоа што уплатиле 5000 евра во кеш за регистрирање на ова друштво за угостителство и услуги, се јавува како сопственик лицето Зоран Ивановски. Тој се јавува како управител, како менаџер и ја регистрирал оваа фирма, која се занимава со дејност ресторани, но и дејности на интернетски портали. Тоа е подружницата од ова друштво– истакна премиерот.
Мицкоски дополни дека лицето Зоран Ивановски е дел од претседателството од Левица и е дел од управниот одбор на скопкски водовод, а на интернет има и негови фотографии со претседателот на политичката партија Левица.
Еве како се трошат парите на членовите на политичката партија Левица. Но тоа не е се. Ако ги слушате последните искази од случајот поврзан со Палевски и сведочењата таму, ќе слушнете дека тие се среќавале во штабот на партијата Десна, кој што бил во објектот Опера Хаус, а објектот Опера Хаус е токму овој објект – рече премиерот Мицкоски и продолжи: за другите детали нема да зборувам. Се надевам ќе има и други пратенички прашања и се надевам ќе ме почестат со нивното присуство. Јас сум подготвен на македонската јавност и на поддржувачите на Левица да им разоткријам дека не е баш така како што некој сака да ги прикаже работите.
Премиерот Мицкоски од говорницата истакна дека овие работи ги кажува е да ги разоткрие неколкумина скапо платени таканаречени левичари кои со дејствувањето нанесуваат трајна штета на ткивото на македонскиот идентитет.
Од сега па натаму, сум подготвен да разговараме и за тоа, да видиме кој, што, како и каде, и за мене. Па ќе се вратиме малце и на патните трошоци, ама ќе се вратиме и на патните трошоци од партијата кои што ги земале и кога ги земале и колку земале и кои земале- заклучи премиерот Мицкоски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.