Исчезната е 35-годишната Симона Стојкова, семејството моли за помош

Полицијата и семејството трагаат по 35 годишната Симона Стојкова, чиe исчезнување е пријавено вчера.

Според пријавеното, Стојкова последен пат е слушната вчера околу 14:30 часот, кога се јавила по телефон со врисоци од бројот 076 851 228, по што повеќе не е достапна.

Исчезнувањето на Стојкова е објавено на платформата najdime.org.mk.

Симона има кафена коса, кафени очи, висока е помеѓу 160 и 180 сантиметри, и носи наочари. Според личниот опис, таа куца при одење бидејќи едната нога ѝ е пократка за седум сантиметри.

Последната локација каде што била видена не е прецизирана, но се апелира до сите граѓани кои имаат било какви информации или ја забележале Симона да се обратат до најблиската полициска станица или преку платформата najdime.org.mk.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK